15 C
Skopje
Saturday, May 15, 2021

Заев во Нови Сад ќе учествува на Четвриот регионален форум за млади лидери

Најчитани вести

Премиерот Зоран Заев денеска ќе се обрати на последната сесија на Четвртиот регионален форум за млади лидери, на сесијата насловена „Западен Балкан во 2030 година – визии, желби, реалности”, што се одржува во Нови Сад.

На сесијата ќе говори и српската премиерка Ана Брнабиќ.

За време на посетата на Нови Сад, Заев ќе оствари и билатерална средба со Брнабиќ.

Освен Заев и Брнабиќ, на Форумот ќе говорат и заменик генералниот секретар на Советот за регионална соработка Тања Мишчевиќ, генералниот секретар на Регионалната канцеларија за младинска соработка Ѓуро Блануша и професорот за меѓународни односи на Факултет за политички науки во Загреб д-р Дејан Јовиќ.

Обраќање на форумот вчера имаше и претседателот Стево Пендаровски на претседателскиот панел „Обраќање на младите пред претставниците на влаcта: презентирање на политичкиот дијалог пред милениумците”.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести