Заев во Брисел ќе се сретне со Хан, Сасоли и Туск

0

Премиерот Зоран Заев денеска и утре ќе престојува во работна посета на институциите на Европската Унија во Брисел и заедно со вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и со министерот за надворешни работи Никола Димитров, попладне ќе се сретнат со еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан.

Владината делегација потоа ќе има средба со претседателот на Европскиот парламент, Давид Марија Сасоли и со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

За утре, пак, најавена е средба со потпретседателот на Европската Комисија, Франс Тимерманс.