Претседателот на СДСМ, Зоран Заев на трибината под мотото „Најдоброто за нашата општина“ во Дебар нагласи дека периодот пред нас носи сериозни предизвици, а тоа се вакцинацијата, пописот и јакнењето на економските инвестиции.
Да продолжиме со вакцинација, сите да се вакцинираме, со тоа го штитиме своето здравје и здравјето на нашите роднини и пријатели. Ова зло не е искоренето, но ние сакаме да биде под контрола, како сега да можат децата наесен одат научилиште, рече претседателот Заев
Во септември ќе направиме попис на граѓаните, на еднакви граѓани, на сите, и воопшто не ми е гајле колку се Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Бошњаци, тоа се граѓаните на Северна Македонија, истакна Заев додавајќи дека во периодот пред нас следува поттикнување на важни економски процеси