Home » Задолжително носење маска на летовите од и кон Германија

Задолжително носење маска на летовите од и кон Германија

by Журнал.мк

Патниците кои летаат кон и од Германија сепак ќе мора да носат маски за време на летот и покрај олеснувањето на мерките за епидемијата во Европската унија, соопшти денеска германското Министерство за внатрешни работи.

Според протоколите, „FFP2“ или медицинските маски мора да се носат за време на целиот лет. Маските може да се симнат само додека патниците јадат или пијат за време на летот.

Министерството објасни дека правилото за носење маски е во согласност со новите препораки на ЕУ.

Инаку, од денеска EASA и Европскиот центар за превенција и контрола на болести повеќе не предлагаат носење маски на аеродромите и воопшто во авионите.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More