28.8 C
Skopje
Thursday, August 5, 2021

Задолжителен седумдневен карантин при влез во Грција

Најчитани вести

Задолжителниот седумдневен домашен карантин за сите кои во Грција ќе влезат на било кој начин и со било кое средство е продолжен уште две седмици, односно до 8 март 2020 година.

Согласно министерската одлука од надлежните грчки министерства и новите одлуки на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Грција, и понатаму во сила е задолжителната потврда за негативен ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето, за сите оние кои до 8 март ќе пристигнат во Грција, а паралелно, при пристигнувањето, ќе се спроведуваат и брзи тестови за дел од патниците согласно предвидениот процес според податоците внесени во специјалниот формулар (Passenger Locator Form) за патување во Грција.

Одуката за домашниот карантин се однесува на патници од сите земји вклучувајќи ги и оние од Европската Унија, а доколку посетата на Грција трае помалку од седум дена, тогаш домашната изолација ќе трае за целиот период додека се во земјата, сѐ до нивното заминување.

За патниците од Велика Британија предвидени се посебни правила, односно за да излезат од седумдневниот карантин, потребно ќе биде, на седмиот ден, да направат ПЦР тест.

До 8 март продолжена е и одлуката за ограничување на копнените граници со Северна Македонија, Албанија и Турција, како и забраната за влез во Грција на државјани на трети земји, а од рано утрово стапи во сила.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести