Седумдесет годишен велосипедист им подлегнал на повредите, откако вчера бил удрен од автомобил на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово. Несреќата се случила околу 14 часот, а возачот побегнал од местото.
„На булеварот „Октомвриска Револуција“ во Куманово, патничко моторно возило сеат со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.М. (32) од Куманово, удрило во велосипедистот Ж.Ј. (70) од село Режановце, кумановско, по што го напуштил местото. Велосипедистот Ж.Ј. бил пренесен во болницата Куманово, но поради сериозноста на повредите бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде утрово починал“, соопшти СВР Куманово.
Денеска, по преземените мерки и активности, од полициски службеници од СВР Куманово бил пронајден возачот и во службен разговор во полициска станица го признал делото.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.