Во судирите меѓу ривалските милиции во главниот град на Либија загинаа најмалку 27 лица, десетици се повредени. Жителите останаа заробени во нивните домови. Судирите избија доцна меѓу милициите од бригадата 444 и специјалните сили за одвраќање, откако висок командант на бригадата, наводно бил уапсен од ривалската група на аеродромот во Триполи.
Министерството за здравство ги повика страните да дозволат екипите на итната помош да влезат во погодените области. Ескалацијата следи по неколкумесечниот релативен мир во земјата што една деценија беше во граѓанска војна, а сега е заглавена во политички ќор-сокак.