Home » Загинаа шест лица во близина на грчкиот остров Лезбос

Загинаа шест лица во близина на грчкиот остров Лезбос

by Журнал.мк

Безживотните тела на шест лица, беа пронајдени утрово на брегот во југоисточниот дел на Лезбос, а најверојатно стануваа збор за мигранти, кои се удавиле додека со чамец се упатувале кон грчкиот остров, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчката крајбрежна служба соопштија дека телата се пренесени во болница каде што ќе се изврши обдукција, а загинатите не носеле спасувачки елеци.

Паралелно во тек е акција од море, копно и воздух, за евентуално пронаоѓање на преживеани или тела на други загинати, со оглед на тоа дека засега, нејасен е бројот на лица што се пренесувале во чамецот.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk