20.8 C
Skopje
Tuesday, September 28, 2021

Загадувањето во Карпош, Аеродром и Гази Баба денеска сосема ниско

Најчитани вести

Аерозагадувањето во главниот град на земјава и натаму актуелна тема меѓу граѓаните. Од ден на ден се зголемуваат групите на социјалните мрежи кои апелираат да се излезе во масовен број на протестите кои ги организираат се со една цел – да ги поттикнат надлежните да превземат порадикални мерки.

Според сајтот за квалитет на воздух на кој податоците по општини се достапни за сите граѓани, утрово во Скопје загадувањето е на многу ниско ниво. Центар, Аеродром, Гази Баба се скопските општини кои денеска имаат многу ниска концентрација на штетни честички во воздухот.

Но, дури и релативно ниските концентрации на загадувачки супстанции може да предизвикаат одредени здравствени ефекти кај ранливите категории на граѓани. – потенцираат токсиколозите.

Деновиве претседателот Пендаровски одговори на отвореното писмо од Иницијативата О2 и рече дека проблемот со загадувањето на животната средина планира да го стави како точка на следната седница на Советот за безбедност и следствено ќе ја интензивира комуникацијата и координацијата со граѓанските организации кои делуваат во сферата на екологијата.

-Јас, како претседател на Република Северна Македонија, се ставам на располагање за да помогнам во активностите, да бидам гласен поддржувач на граѓанските иницијативи и своевиден мост за побрза и поефективна комуникација помеѓу надлежните институции и граѓанските организации.  – пишува Пендаровски во писмото.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com