21.8 C
Skopje
Friday, July 30, 2021

Завршни активности на дигиталниот фестивал на МКЦ и Апстарт Театар од Лондон

Најчитани вести

Завршните активности на дигиталниот фестивал „The Chorus Project“, организиран од Македонскиот културен центар и Апстарт Театар од Лондон ќе се одржат од денеска до 14-ти март, информираат од МКЦ.

На овој фестивал, како што соопштуваат од МКЦ, ќе бидат прикажани сите четири делови од Орестија, адаптирани во нови дигитални формати. Централна активност во овие три дена ќе биде интерактивната онлајн – работилница „Мали директни акции“, која ќе ги истражува новите можности на вмрежување и финансирање прокети од културата, без учество на големите фондови.

Оттаму дополнуваат дека во работилницата ќе бидат вклучени повеќе културни организации од нашата земја и од другите земји партнери на проектот, како што се Апстарт театар од Лондон, Патос од Минхен и Театар Ам Ленд од Грац. 

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести