23.8 C
Skopje
Saturday, June 25, 2022

Заврши фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Најчитани вести

„Народен непријател“ во режија на Нина Николиќ, а во изведба на МНТ Скопје е победник на 56-тото издание на македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Наградите ги додели оценувачката комисија во состав Љупчо Ѓорѓиевски како претседател и членовите Бесфорт Идризи и Сотир Трајков. Се избираше помеѓу 8 претстави.

„Претставата „Народен непријател“, каде што скоро сите елементи беа беспрекорно синхронизирани, со својата актуелност, со еден текст кој е пишуван пред 40 години имав впечаток како да е напишан денес. Толку актуелно тоа звучи и толку ненаметливо и толку беше тоа како да се случува сега и овде“, истакна Љупчо Ѓорѓиевски, претседател на оценувачка комисија.

Членот на жирито, Сотир Трајков, член на жирито ги повика режисерите и актерите да воведат нов пристап и повеќе да истражуваат. 

„Пробување на модели, пробување на форми па и пробување на игра, односно фах. И тоа е тоа што треба да се менува, дајте од следната година не само на фестивалот туку и генерално во театрите да гледаме издржани проекти кои ќе нудат новитети“, кажа Сотир Трајков, член на жирито.

Театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп се закити со две награди: награда за млада актерка на Сара Спиркоска за улогите во претставата „Декамерон“ и награда за современа сценска драматизација на Лидија Митоска Ѓорѓиевска за драматизација и адаптација во претставата „Декамерон“.

„Би им посакала на сите мои колеги кои не се вработени да ја добијат оваа можност како мене, да бидат на сцена и да биде признат нивниот талент, затоа што таму надвор навистина има многу талентирани актери кои што ја заслужуваат шансата да бидат покажани“, вели Сара Спиркоска, награда за млада актерка за улогите во претставата „Декамерон“.

„Ова беше најважен процес досега во мојот живот, во мојава кариера и се радувам што беше препознаен на ваков начин“, додаде Лидија Митоска Ѓорѓиевска, награда за драматизација и адаптација во претставата „Декамерон“.

Награда за  женска епизодна улога ја доби Викторија Степановска Јанкуловска за улогите во претставата „Артуро Уи“ во изведба на Народен театар Битола, наградата за машка епизодна улога ја понесе Никола Пројчевски за улогите во претставата „Артуро Уи“ во изведба на Народен театар Битола. Бедија Беговска ја доби наградата за главна женска улога Љубов Андреевна Рањевска во претставата „Вишновата градина“, а во изведба на Турскиот театар, а награда за најдобра машка улога доби Никола Ристановски за улогата на  д-р Томас Стокман во претставата „Народен непријател“. Наградата за режија ја понесе Ќендрим Ријани за претставата  „Артуро Уи“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com