15.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

Заврши судењето за случајот Џорџ Флојд: Екс-полицаецот прогласен за виновен по сите точки

Најчитани вести

Поротата во судењето на Дерек Шовин го прогласи поранешниот полицаец од Минеаполис виновен за смртта на Џорџ Флојд.

По нешто повеќе од 10 часа размислување, поротата од 12 лица на 20 април го прогласи Шовин за виновен за сите три обвиненија за убиство. 45 годишниот Шовин може да се соочи со децении затвор кога ќе биде осуден за два месеца.

Правни експерти велат дека тој најверојатно ќе поднесе жалба. Смртта на Флојд на 25 мај 2020 година, при обид за апсење за фалсификувана сметка од 20 долари во продавница, поттикна неколкумесечни понекогаш насилни протести против тешката полициска тактика и предизвика национална пресметка за расни прашања.

Снимка од апсењето покажа дека Шовин го држи со колено вратот на Флојд повеќе од девет минути.

Претседателот Џо Бајден ја поздрави пресудата. Во национално телевизиско обраќање, Бајден рече дека смртта на Флојд е „убиство кое ги крена ролетните“ за целиот свет да ги согледа проблемите со расата и полицијата во Соединетите држави.

Тој исто така повика на „соочување со системскиот расизам и расните разлики што постојат во полициското работење и во систем на кривична правда“.

Претходно, Бајден разговараше телефонски со семејството Флојд. Минеаполис и другите градови беа подготвени на можноста пресудата да предизвика слични немири како минатата година, кога милиони низ целата земја се придружија на повеќемесечните протести кои понекогаш преоѓаа во смртоносно насилство и грабежи.

Судењето во голема мера се потпираше врз видеоснимките од камерата на телото на полицајците, на кои се гледа како Флојд се бори со полицијата и видеото на случаен минувач во кое се слуша како Флојд им кажува на полицајците дека не може да дише.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести