21.8 C
Skopje
Friday, July 30, 2021

Заврши сезоната и за Хендерсон, капитенот на Ливерпул ќе паузира 12 недели?!

Најчитани вести

Медиумите од Англија пренесуваат дека Џордан Хендерсон би можел да паузира и до три месеци, се чекаат резултатите од последните тестови.

Нови проблеми за Ливерпул и Јирген Клоп, Џордан Хендерсон би можел да паузира и до три месеци, што значи крај на сезоната.

Капитенот на „црвените“ на дербито со Евертон помина поливина час на теренот и мораше да биде повлечен од игра, а лекарскиот тим на Ливерпул верува дека се работи за сериозна повреда на препоните.

Весникот Сан пренесува дека сега се чекаат резултатите од последните тестови и доколку Англичанецот треба да замине на операција, тоа ќе значи пауза од 12 недели.

Според пишувањата на Атлетик, Џордан Хендерсон ќе паузира барем два месеци и ќе се врати на терените кон крајот на април.

Јирген Клоп веќе има многу проблеми, мака мачи со одбраната откако се повредија Вирџил ван Дајк, Џо Гомез и Жоел Матип, а Џордан Хендерсон често играше во дефанзивата и покриваше за отсуството на тројцата стопер

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести