14.8 C
Skopje
Tuesday, September 21, 2021

Заврши Патувачкото кино „МакеДокс”

Најчитани вести

Заврши десетото јубилејно Патувачко кино на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс”, што традиционално се одржува во Струшкиот регион, а годинава прв пат имаше и регионален карактер.

Патувачкото кино опфати седум населени места во земјава и соседна Албанија, вклучувајќи проекции на документарни филмови во Лабуништа, Бучимас, Вишни, Драслајца, Пустец, Луково и Лин.

Паралелно се одвиваа и сесиите на третата генерација „Докуникулци”, која ја сочинуваат 12 млади од 15 до 18 години од регионот. По повод јубилејното 10. издание на „МакеДокс” почна да се снима документарен филм за Патувачкото кино. Креативен продуцент и снимател на филмот е Бранд Ферро од МакеДокс, режисер е Питер Зак од Берлин, кој се занимава со креативна документаристика од 1993 година, ко-продуцент е Јана Цизар, која повеќе од десет години се занимава со продукција на креативни документарни филмови и живее во Берлин, а снимател на звукот е Паоло Бенвинути од Италија.

Проекциите на Патувачкото кино почнуваа со програма на анимирани филмови за деца од Док Лајпциг. Пред проекцијата во Луково беше направен „пичинг” на кој девет докуникулци ги претставија своите идеи за снимање документарен филм. Меѓу темите што беа отворени во предлозите се истакнуваа впечатоците и приказните од Пустец, ученичкиот живот во интернат, приказните за возач и за правење ајвар, еколошка приказна за исчезнувањето на видовите и потрагата по македонскиот рис, но и за губењето на индивидуалноста под влијание на силна идеологија.

Проекциите на Патувачкото кино во селата Вишни, Драслајца и Луково беа збогатени и со документарниот филм „The Way of Clave”, кој произлезе од проектот „Ширење на видици” (Widening the Lens). „Ширење на видици” е дел од програмите на Communities Conecting Heritageˢᵐ, кои се финансирани од Владата на САД и управувани од World Learning. Филмот ќе има проекција и на 20 јули во „Кино Култура” во Скопје.

Патувачкото кино на „МакеДокс” се реализира со поддршка од Агенција за филм на Република Северна Макеоднија, Амбасадата на Германија и овозможено е од Western Balkans Fund.

Во тек се подготовките за 10. издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс”, кое ќе се одржи од 21 до 28 август во Куршумли-ан во Скопје.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com