Home » Заврши меѓународната струмичка ликовна колонија – продуцирани нови 40 дела

Заврши меѓународната струмичка ликовна колонија – продуцирани нови 40 дела

by Журнал.мк

Вкупно 40 нови дела беа продуцирани на годинашново издание на меѓународната струмичка ликовна колонија. Изминативе денови околу 20 уметници од Романија Турција Бугарија Грција, Србија и Македонија твореа во повеќе ликовни техники во Струмица. Меѓу учесниците беше и ликовниот уметник Мирјана Крстева од Гевгелија која преку боите гледа можност за изразување.

На колонијата учествуваа и уметници и од соседството. Сите имаа слобода на творење при што оставија печат на колонијата и не го криеја задоволството од организацијата на колонијата.

На меѓународната струмичка ликовна колонија досега учествувале околу 1.600 уметници при што се создадени околу 2.800 дела. Годинашниве ќе бидат изложени на 11 септември Денот на ослободување на Струмица.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More