1.8 C
Skopje
Saturday, February 4, 2023

Забрчанец: Владата ја прифати листата на професионални портали произлезена од саморегулацијата

Најчитани вести

„Владата го прифати и призна регистарот на веб портали изработен од медиумски заедници во процесот на саморегулација како валиден. Листата од стотина портали кои беа препознаени како професионални, беше листата на која им беше дозволено да ги следи во живо прес-конференциите за време на пандемијата“, рече националниот координатор за комуникации, Марјан Забрчанец на регионалната конференција против дезинформации на Регионалниот совет за соработка.

Според него, ова е пример на „корегулација“, односно регулација преку соработка помеѓу институциите и медиумските и невладините организации. Забрчнаец додаде дека реалната битка не е помеѓу информациите и дезинформациите, туку на тие што се про демократските вредности и тие што се против нив.

„Изворите на дезинформациите најчесто се тие што напаѓаат, што промовираат хомофобија, кои се против вакцините, кои промовираат национализам и други типови на редикализам, без разлика дали е политички, регилигиозен или идеолошки“ рече Забрчанец.

Тој додаде дека потребна е поголема проактивност во борбата со лажните вести и дезинформациите.

„Ние ја имаме јасната приказна, јасните вредности и не треба да се криеме. Треба да го искористиме тоа за промоција на нашите вредности. Тоа можеме да го направиме преку промоција на активна транспарентност, користење на модерни, дигитални комуникации, соработка со сите засегнати страни и зајакнување на медиунската писменост“ кажа Забрчанец.

Тој додаде дека за прв пат во историјата на земјата, од септември се воведува медиумска писменост како предмет во основното образование, со цел да се поттикне критичко размислување кај децата. Забрчанец уште рече дека случајот со лажните вести од Велес за американските избори во 2016 биле аларм за будење на нашите институции за преземање на конкретни чекори во борбата со дезинформациите.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести