19.8 C
Skopje
Saturday, September 18, 2021

Забрзано се гради ѕидот на границата меѓу САД и Мексико

Најчитани вести

Градежните работници на југот на Тексас, на границата со Мексико, почнаа со поставување арматура за ѕидот на чија изградба инсистираше американскиот претседател Доналд Трамп.
Членовите на граничната патрола изјавија за медиумите дека работниците поставиле челична арматура јужно од Дона, мал град во долината Рио Гранде.

Откако ќе биде поставено засилувањето, ќе се постават бетонски блокови од пет и пол метри, а пред ѕидот ќе има 45 метри бришан простор, од кој ќе биде отстранета целата вегетација.

Организациите за животна средина велат дека бетонскиот ѕид ќе ги уништи живеалиштата на некои животни и исто така се бара и експропријација на земјиштето од стотици луѓе во јужен Тексас. Граничната патрола, од друга страна, тврди дека ѕидот во голема мерка ќе спречи шверц на дрога и луѓе од Мексико.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com