5 C
Skopje
Tuesday, January 26, 2021

Забрзана електрификација и BMW Series7 со plug in hybrid

Најчитани вести

Баварците наводно го планира својот прв M Performance модел што ќе го задвижува plug-in хибриден погонски систем, што ќе биде имплементиран кај Series7.

Според извештаи на BMW Blog, баварската компанија го планира својот прв M Performance модел кој ќе биде опремен со plug-in хибриден погон,  a тоа е series 7 и најверојатно ќе биде наречен M750Le.

Наместо досегашните V8 или V12, BMW ќе го користи B58 со работен волумен од 3,0-литри, со шест цилиндри, надополнет со турбо полнач во комбинација со електрична погонска единица.

Тој погонски склоп во M40i моментално испорачува моќност од 382 КЅ сили, а кај M750Le се очекува да достигне бројка од 400 КЅ.

Комбинираната моќност може да порасне до 550 КЅ и 800 Nm максимален вртежен момент.

Сепак, според истиот извор, тоа не е единствената plug-in хибридна верзија на Series7 на која производителот работи.

Се разгледува и опцијата на 745LE PHEV, која би доаѓала со истиот електричен мотор како и M750Le, но со помалку моќена  бензинец, што би обезбедила моќност помеѓу 450 и 470 КЅ.

BMW се обидува да ја засили својата „зелена“ постава, а хибридизацијата на Series7 е секако еден од начините да се стори тоа.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести