22 C
Skopje
Thursday, May 6, 2021

„Забрането смеење“ од Струмица на „Скопско лето“

Најчитани вести

„Забрането смеење“ од Миро Гавран е вечерва на репертоарот во рамките на „Скопско лето“, со почеток во 20 часот во Театар Комедија. Режисерската палка е во рацете на Игор Ивковиќ, а продукцијата на театарот „Антон Панов“ од Струмица.

Претставата ги исмејува бесмислените, лажни и себични споделувања емоции. На комичен начин зборува за хипокризијата во секојдневните односи меѓу луѓето, за лажните компромиси што се прават во бракот и за сексуалните фрустрации што произлегуваат од нив. Учествуваат актерите Стојан Велков, Јасмина Вучкова и Анкица Бенинова. /skopskoeho.mk

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести