Фудбалскиот клуб ЖФК Љуботен соопшти дека ги исполниле барањата на општина Тетово за да играат на градскиот стадион во Тетово, сепак засега немаат одговор од локалната самоуправа.
Вчера околу девет часот клубот испратил барање, но се уште не добиле одговор дали ќе може да го користат стадионот.
Вчера на ден 13.09.2023 во 09:00часот уредно доставивме барање до општина Тетово за одигрување на првенствениот натпревар од 4тото коло во Прва Женска Фудбалска лига со екипата на ЖФК Скопје на градскиот стадион во Тетово!
Сите предуслови кои ги бараше претходно општина Тетово се исполнети!
ЖФК Љуботен е прволигаш и двократен шампион а ФК Шкендија овој викенд игра на гости и стадионот е слободен!
По 24часа уште молк од општината!
Јавно преку медиумите бараме општина Тетово да ни даде одговор до денес до 12:00 како уредно би го пријавиле натпреварот до надлежните во ФФМ и МВР.
Со надеж на позитивен одговор!