Home » Жозе Мурињо: „Не ги отпишувајте Турција и Македонија“

Жозе Мурињо: „Не ги отпишувајте Турција и Македонија“

by Журнал.мк

Со два гола на Тему Абрахам (првиот беше најбрз во историјата на градското дерби Рома – Лацио) и еден преубав гол на Пелегрини од слободен, Мурињо и Рома освоија три важни бода во трката за еврокупови.

Португалецот меѓу другото на прес-конференција зборуваше дека воопшто не ги сакал навивачките еуфорични извици „оле“ при додавања кога противникот е нокаутиран. Кажа и дека очекува уште повеќе од јунакот на мечот Абрахам, а го прашаа и за претстојниот плејоф, бараж дуел за пласман на Светско.

Португалија дома ја пречекува Турција а Италија Македонија. Домаќините се огромни фаворити на овие натпревари, но…

„Не смее да се заборават Турција и Македонија. За нас (Португалците) ќе биде тешко со Турција. Никој не може да очекува јас да бидам неутрален. Си ја сакам Италија, сакам да живеам тука и и благодарам на оваа земја за се што доживеав во Интер и сега во Рома, но сепак Forza Portugal! Одиме на Светско“, изјави Мурињо.

Натпреварот Италија – Македонија се игра во четврток од 20:45 часот во Палермо на стадионот „Ренцо Барбера“ кој ќе биде исполнет до последно место.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk