7 C
Skopje
Sunday, May 16, 2021

Жоао Феликс е подготвен за новиот предизвик: Роналдо? Јас сум тука…

Најчитани вести

Талентираниот Жоао Феликс од нареднава сезона ќе го носи дресот на Атлетико Мадрид каде треба да биде еден од клучните играчи во новиот тим кој го создава Диего Симеоне.

Атлетико за Португалецот плати 126 милиони евра, но тоа не му пречи на младиот офанзивец кој сака да испише своја историја, да истави трага на „Ванда Метрополитано“.

-Јас сум тука да ја испишам својата приказна. Сакам да бидам запаметен како Жоао Феликс. Тој е Кристијано Роналдо (често го споредуваат), а јас сум Жоао Феликс. Тој е одличен играч, во моментов најдобриот на светот. Многу ми кажа за Мадрид, град кој многу го сака, -рече доскорешниот играч на Бенфика кој не се плаши од тоа што ќе мора да го замени Антоан Гризман и што ќе ја носи неговата бројка (седумката).

-Се исклучувам од тој притисок. Понекогаш слушаме добри работи, понекогаш лоши. Јас само ќе си ја завршам мојата работа која е даму помогнам на тимот, -порача Феликс.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести