23.8 C
Skopje
Friday, June 25, 2021

Жињак: Валенсија дури прати авион по мене, но ги одбив исто како што го одбив и Ливерпул

Најчитани вести

Францускиот напаѓач Андре-Пјер Жињак откри дека одбил да направи трансфер во Валенсија или Ливерпул па место тоа се одлучил за Олимпик Марсеј во 2010 година. Тогаш Жињак беше играч на Тулуз, но љубовта кон Марсеј била пресудна.

„Роден сум во место што е во близината на Марсеј. Како дете навивав за Марсеј. Мојата фамилија навива за Марсеј. Неколку денови претходно ја одбив Валенсија. Тие беа упорни, тие дури испратија авион по мене, внатре имаше убава ибериска шунка, мислеа ќе не намамат меѓутоа ги одбив. Тогаш тренер беше Унаи Емери, Матје го имаа во составот. Ми ја објасни тактиката, не ми се допадна и ги одбив.

Потоа агентот ми пријде и ми рече дека има уште две понуди, од Ливерпул и од Марсеј. Веднаш му реков, искини ја таа на Ливерпул, одиме во Марсеј. Тоа е тоа“, изјави Жињак кој играше за Марсеј до 2015 година кога премина во мексиканскиот Тигрес каде стана најдобар стрелец во историјата на клубот, а неодамна играше и во финалето на светското клупско првенство.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести