28.8 C
Skopje
Sunday, June 20, 2021

Жители во Кочани со сопствени патроли се штитат од крадци

Најчитани вести

Неколку месеци жителите на населбата „Трајаново Трло“ во Кочани сами се организираат во одбрана на својот имот. Организираат 24 часовни патроли како единствен начин да им застанат на пат на крадците. Очекуваат поголема заштита од полицијата…

Секојдневни кражби, палење гуми и кабли и дивеење на малолетници со нерегистрирани возила. Ова е секојдневие во кочанската населба „Трајаново трло“. Жителите се во страв по својата и безбедноста на својот имот. Откако деновиве јавно го искажаа својот револт, состојбата наместо да се нормализира, станува уште посериозна, а во страв од крадците се уште две кочански населби- „Усова чешма“ и „Сиви дом“.

Полицијата најави засилени полициски активности во овие населби, но жителите велат дека такво нешто не забележуваат. Конкретните чекори одат во насока на масовен протест и јакнење на 24 часовните патроли од самите жители.

Овој случај е веќе расветлен, најден е сторителот и украдените предмети, велат од СВР Штип. Потенцираат дека во трите кочански населби каде има зголемување на кражбите има засилено полициско присуство, а градоначалникот на Кочани изјави дека ја интензивирал работата на комунална инспекција во овие населби.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести