Трансферот на Оливие Жиру во Серија А е се поблиску откако Французинот му кажа ДА на милански Интер.
Конте е во потрага по напаѓач кој ќе биде алтернатива на Лукаку и Мартинез, па Жиру најверојатно уште во јануари ќе се пресели на „Џузепе Меаца“.
Лампард не смета сериозно на Жиру, но сепак нема да ја пропушти приликата да заработи, па за неговата слобода бара 7 милиони евра. Жиру наводно веќе постигнал комплетен договор со „нероаѕурите“ и го чека јануари за да се пресели во Милано.