Оливие Жиру утринава пристигнал во клиниката во Милано, каде рутински би требало да ги мине медицинските прегледи и да го комплетира последниот чекор пред најавениот трансфер.
Французинот ќе биде нов член на Милан, италијанскиот клуб веќе постигна договор со Челси, како и со фудбалерот, па останува официјално да биде потпишан договорот меѓу Жиру и „росонерите“.
Милан ќе плати околу 2 милиони евра за трансферот, а со тоа ќе добие уште еден искусен напаѓач покрај Златан Ибрахимовиќ.
– Оливие е шампион, има направено големи работи за Франција и Челси во изминатиот период. Тој е многу посветен и вреден играч и тоа е она што го баравме.
– Ние го имаме најмладиот тим во Серија А, па потребно ни е искуство во составот. Затоа Жиру е идеалниот избор, – изјави вчера Паоло Малдини, кој е одговорен за трансферите во Милан.