29.8 C
Skopje
Thursday, July 7, 2022

Жиофре: ЕУ не и поставува нови пречки на Србија, процесот на европска интеграција е јасен

Најчитани вести

Шефот на делегацијата на Европската унија во Србија Емануел Жиофре, во авторски текст за белградски Курир пишува дека ЕУ не и поставува нови пречки на Србија, но дека процесот на европска интеграција е јасен и се знае дека приоритетите се владеењето на правото, нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина, клучните економски прашања и теми од животната средина.

„А Србија е таа што мора да работи во тие области“, напиша Жиофре пред собирот на лидерите од Западен Балкан во Брисел на 23 јуни, пренесува Бета.

Тој вели дека во преговорите за Кластерот три, кои почнаа пред шест месеци, критериумите не се промениле, а барањето за усогласување со надворешната политика на ЕУ било јасно од самиот почеток.

– Иако критериумите не се променети, едностраната и неиспровоцирана агресија на Русија против Украина го промени светот. Воената агресија на Русија предизвика хуманитарна криза и претставува закана за безбедноста на Европа и светот. Затоа ЕУ смета на Србија како нејзин близок партнер и земја-кандидидат која преговара за членство, во одговорот кон агресијата на Русија да се приклучи на ЕУ и голем број земји во светот, појаснува Жиофре.

Тој истакна дека новото време покажало дека зависноста од рускиот гас е опасна и дека никогаш не е добра идеја да се потпреме само на еден извор за стоки кои се од големо значење за граѓаните и економијата.

„Русија со своите постапки покажа дека не е доверлив партнер и дека е подготвена да ги користи гладот ​​и студот како оружје. ЕУ е решена да стави крај на својата енергетска зависност од Москва“, посочи тој.

„Сите овие прашања утре ќе бидат на дневен ред на Европскиот совет. Кандидатурата на земјите кои претендираат да станат членки и како на проширувањето кон Западен Балкан може да добие нов поттик. Во овој тежок контекст, кој може да биде и нова можност, Србија треба да донесе клучни одлуки“, напиша Жиофре.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com