Според податоците од Регистарот на цени и недвижности, заклучно со септември, 132.527 од вкупно 1.084.534 станови регистрирани во државава се под хипотека.
Лидер во оваа статистика е Скопје, каде под хипотека се 64.301 од вкупно 317.074, односно 20.2% од становите. Зад Скопје се Неготино и Гевгелија – со 19.06%, односно 16.43% од становите ставени под хипотека. Понудата на банките на заплeнeти станови по основ на ненаплатени побарувања за издадени кредити е толку голема, што некои од нив стануваат сериозна конкуренција на агенциите за недвижности.
