Home » Животната драма на славниот пејач: Бибер ги откажа своите концерти, половина од лицето му е парализирано, а откри и што е причината за тоа

Животната драма на славниот пејач: Бибер ги откажа своите концерти, половина од лицето му е парализирано, а откри и што е причината за тоа

by Журнал.мк

Светската поп ѕвезда Џастин Бибер им се обрати на своите следбеници по пат на социјалната мрежа Инстаграм со емотивно видео и ја откри причината поради која е принуден да ги откаже концертите. Пејачот се бори со сериозен вирус поради кој десната страна од лицето му е парализирана.

Бибер им откри на фановите дека му е дијагностициран Ремзи-Хант синдром. Вели дека вирусот зафатил некој нерв во увото, а тоа предизвикало парализа на половина од неговото лице.

Како што се гледа на видеото, Џастин не може да трепка со едното око, а се смее само со една страна од устата.

Бибер им се извинил на фановите што е принуден да ги откаже концертите и објаснил дека „целата работа е прилично сериозна“ и дека ќе мора да се повлече на одредено време за да поработи на своето здравје. Открил и дека правел вежби за лицето и дека со вежбите сè ќе се врати во нормала – само не е познато колку неговото закрепнување ќе трае.

Што е Ремзи-Хант синдром?

Тоа е вирусна инфекција на геникулатниот ганглион на фацијалниот нерв кој се јавува кога инфекција ќе го зафати фацијалниот нерв. Синдромот вообичаено е поврзан со црвен осип или пак „пликови“ во подрачјето на увото или ушната школка, а понекогаш и на непцето или јазикот.

Херпес зостер настанува поради реактивација на варичела зостер вирусна инфекција. Фактори кои влијаат на појавата на оваа состојба се старосната доба, ХИВ-инфекција, малигни заболувања, имуносупресивна терапија, тежок физички или пак психички напор.

Освен билниот осип, овој синдром може да доведе и до фацијална парализа и губење на слухот во увото кое е погодено од инфекцијата. Значи, овој вирус ги „контролира“ мускулите на лицето.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More