27.8 C
Skopje
Monday, August 8, 2022

Живи статуи синоќа им „одиграа“ танго на скопјани

Најчитани вести

Синоќа на сквер „Јадран“ живи статуи бела, црвена, зелена, жолта боја им „одиграа“ танго на скопјани – некои осамени, некои во пар и измамија насмевки од присутните на фестивалот „Статуафест“ кој како и секоја измината година концептуално раскажува приказни.

Фото: Н.Батев

– Оваа година (шесто издание) се раскажува за претворањето на Скопје во една мала, но сепак – огромна уличка сместена некаде во некој раздвижен простор во длабочините на духот на аргентинското танго, тежнеејќи да ги видиме и запознаеме оние страсни скопјани кои со сиот свој дух лудуваат по тангото „премачкани“ во тој разигран уличен миг на евергрин – велат од здружението граѓани „Тим Театроск“ кои се организатори на фестивалот.

Називот на годинешниот „Статуафест“ е “Другото лице на улицата“ каде уличната уметност преку живите статуи ќе се обиде заклучно до сабота (25 јуни) да ги забавува скопјани.

„Тим Театроск“ е улична театарска продукција која работи уличен театар, улични промоции и настани со сличен карактер. Она по што е препознатлива ова продукција се пантомимските улични точки и уличните подвижни статуи, како поединечни, така и во акт, т.е. слика.

Во продолжение погледнете ги фотографиите на фоторепортерот на весникот ВЕЧЕР – Наќе Батев.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com