-1 C
Skopje
Saturday, January 16, 2021

Живи статуи на плоштадот во Скопје

Најчитани вести

Необични и насмеани, баскерите и живите статуи се вратија и годинава во Скопје. Публиката, криејќи се под чадорите од дождот, синоќа ги поддржа уметниците дојдени од целиот свет.

Долж улицата „Македонија“ можеа да се видат уметници кои имаа цел да забавуваат, но и да испратат еколошка порака.

Годинава се дојдени повеќе светски атракции од светот на уличната уметност, како Џон Еик од Германија со своето шоу „БЛАНКО“. Станува збор за интерактивен уличен баскер/статуа акт за сите генерации.

Mirror Crew кои често се дел од настапи и спотови на познати музички ѕвезди, а се карактеристични по своите костими изработени од безброј парчиња стакло.

Сепак, поголемиот дел од баскерите и статуа артистите не можеа да ги реализираат своите шоуа поради дождот. Но, фестивалот ќе трае до 22 јуни.

Програмата е придружена и со музичка забава.

Извор: https://www.radiomof.mk/galerija-baskeri-i-zhivi-statui-na-ploshtadot-vo-skopje

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести