10.8 C
Skopje
Monday, October 25, 2021

„Живеам како бездомник, а сестра ми е милионерка“: Братот на позната пејачка е очаен

Најчитани вести

Ендрју Твиди, постариот брат на познатата британска пејачка Шерил Кол, тврди дека не е во добри односи со својата сестра. Тој вели дека со години не разговарал со неа и ја обвинува преку медиумите за неговиот бездомен живот, а неговите изјави предизвикаа вистинска бура, пренесе „The Sun“.

„Еве, сега живеам вака, молам на улица за пари. Живеам вака во изминатите три месеци и ме распарчува. Премногу сум горд за ваков живот. Имам семејство, не треба да завршам вака. Ова е ужасно. Никој од нив не се ни обиде да ме контактира, дури ни Шерил. Тие се моето семејство, а Шерил дури и не знае дека сум на улица. Ова е моето дно“, вели Ендрју.

Тој има голем број прекршоци, а факт е дека Шерил му дала 20.000 фунти за рехабилитација со цел да се бори против неговата зависност од опијати. Сепак, очигледно е дека рехабилитацијата не успеа.

Вели дека завршил на улица откако минатата година раскинал со девојката.

„Добро ми одеше две години, работев и напредував. И тогаш работите се распаднаа со мојата девојка “, вели Ендру, кој има син од претходната врска, но не и старателство над него поради неговите пороци.

Покрај тоа, тој одлежал шест години затвор во 2011 година за ограбување пошта.

Вели дека не смее да се врати во родниот град Њукасл бидејќи наводно неговиот живот е загрозен.

„Сега чекам привремено сместување од општината, додека Шерил вреди 35 милиони и живее во вила од пет милиони“, се жали Ендрју.

Шерил веќе имаше завидна кариера како танчерка и го градеше својот пат во време кога Ендрју, на 13 -годишна возраст, ги откри опијатите и ги изврши своите први кражби. Бидејќи постојано беше во затвор, ја пропушти и венчавката на неговата сестра.

Шерил зборуваше за својот брат во медиумите, па во една прилика таа рече: „Дрогите се лесно достапни за секого. Можев и јас да изберам таков пат, но ги негував своите амбиции“.

Ендру последен пат даде интервју во 2008 година, а тогаш рече:

„Често ја гледам Шерил на телевизија и мислам колку е различен нејзиниот живот од мојот, ме оставија зад себе. Ми рече дека нејзиниот живот треба да ми биде инспирација, но како будала се враќам на своите пороци “.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com