Home » Жено ти не старееш ѝ рекоа на Софија Вергара откако објави фотографија од 50 роденден

Жено ти не старееш ѝ рекоа на Софија Вергара откако објави фотографија од 50 роденден

by Журнал.мк

Глумицата Софија Вергара викендов го прослави 50 роденден. Таа го прослави со торта и шампањ, а објави и фотографија со пријателите. Фановите ѝ порачаа дека никогаш не изгледала поубаво.

„Среќен роденден. Жено не си остарела ни малку. Убава си како и секогаш. Како е можно да имаш 50 години, изгледаш како да имаш 25. Изгледаш поубаво од кога било“, и напишаа тие.

Глумицата за роденденот беше облечена во долг фустан со длабоко деколте, а долгата коса ѝ беше благо свиткана. Целата комбинација ја заокружи со пристоен накит и нешто посилна шминка. Вергара позираше со семејството и пријателите, а фановите и посакаа најубави желби.

За потсетување, Софија додека се занимавала со глума, студирала и стоматологија во Колумбија. Првпат на екраните се појавила во реклама за „Пепси“, кога имала 17 години. Популарна стана во 2009 година со улогата на Глорија Делгадо во серијата „Модерно семејство“.

„Модерно семејство“ стана најнаградувана хумористична серија која се прикажувала на американската телевизија. Вергара наводно за секоја епизода добила 325.000 долари.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More