Латино ѕвездата Џенифер Лопез беше фотографирана како излегува од теретана во Лос Анџелес во оскудна спортска облека.
Излегувајќи од тренинг Џеј Ло носеше спортски градник и хеланки. Градникот имаше вкрстени прерамки и напред и назад, а ѕвездата носеше и хеланки кои ја покажаа нејзината затегната фигура – цврст стомак, заоблени колкови, бутови и задник.
Носела и кожна спортска чанта и квадратни очила за сонце. Таа се одлучи за удобни бели патики.
Брзо влезе во автомобилот, игнорирајќи ги папараците.



Џеј Ло е позната по тоа што е во одлична форма и редовно вежба. Тоа се гледа по нејзината фигура, но и по кондицијата која ја покажува на концертите каде постојано танцува и не се штеди.