7.8 C
Skopje
Saturday, December 3, 2022

Жените уште се дискриминирани во однос на платата, вели Грковска

Најчитани вести

„За уривањето на стереотипите треба време и многу труд и затоа во текот на мојата политичка кариера силно сум се залагала за воведување и унапредување на квотата за родова еднаквост во политиката, мерка на која гледам како можност квалитетот на жените да дојде до израз“, оцени вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска.

Таа, на денешниот панел посветен на тема „Жените во политиката”, во рамките на Академијата за јавни политики, во организација на Форумот за разумни политики и ИФЕС, поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка, нагласи дека прашањето за правична застапеност на жените не е прашање за кое треба да зборуваат или кое е борба само жените, туку е општествено прашање во кое треба да бидат вклучени сите и мажите и жените. Знаењето, квалитетот и упорноста што ја имаат жените, додаде таа, се значаен придонес за напредокот на општеството.

Од тие причини, посочи вицепремиерката, далечната 1999 година инсистиравме претседателите на сите политички партии да потпишат Декларација за повеќе жени во политиката.

„Родовата еднаквост во политиката треба да има влијание во сите општествени сфери. Во локалната самоуправа, во јавните претпријатија и во бизнис секторот каде што ако видиме на врвот има многу малку жени. Тука е и прашањето за еднаква плата за еднаква позиција. Ние сме сведоци дека жените се уште се дискриминирани во однос на платата и тоа не само Северна Македонија, туку во демократски високоразвиените земји“, рече Грковска.

Таа нагласи дека во услови на недостаток на мерит систем квотите создаваат услови да се обезбеди поголем пристап на жените во политиката.

„За се што сте уверени дека заслужува да се борите, бидете упорни и истрајни особено ако сте уверени дека тоа е за општествено добро“, им порача Грковска на претставниците од подмладоците на политичките партии.

На панелот учествуваа и Кристина Хаџи Василева, експерт за родови прашања, Мерита Максути од „Еко Герила” – Тетово и Магдалена Манаскова, поранешна пратеничка.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести