25.4 C
Skopje
Thursday, May 13, 2021

Жените во американската армија со нов имиџ- дозволени се коњско опавче, кармини, обетки и лак за нокти

Најчитани вести

Американското списание „Хил” пренесува дека американската армија ќе ги смени правилата за изгледот на војниците, така што во иднина на жените ќе им биде дозволено косата да ја носат во коњски опавчиња или да имаат кратка фризура, да носат обетки, ставаат кармин и лак за нокти, а се со цел да се создаде поголема инклузивност.

Измените, што се очекува да бидат содржани во одлуката донесена меѓу 25 и 26 февруари, се темелат на препораките дадени во декември од разноликиот Совет на воени лидери, од кои повеќето се жени.

-Еднаквоста, инклузивноста и различноста се многу важни за подготвеноста на војската, бидејќи имаме војници од различни сфери на животот. И ние мора нив да ги претставуваме така што воената политика мора да ги промовира еднаквоста и вклученоста, изјави генерал Гери Брито.

Жените војници сега ќе можат да носат опавче место досегашната задолжителна строга пунџа, што може да доведе до опаѓање на косата и други проблеми со кожата на главата, особено кај афро-американските жени, наведува весникот.

Жените, исто така, ќе можат да носат кратки фризури што ќе им овозможат полесно движење, а минималната должина од 6,4 милиметри ќе биде укината. Тие ќе можат да извлекуваат прамени во косата, а исто така ќе можат да имаат и различни варијанти на фризура истовремено, како што се плетенки завиткани во пунџа.

Покрај тоа, сега на жените војници ќе им биде дозволено да носат обетки, кои во моментов се дозволени само во службената облека и униформите, но не и на терен и при воени распоредувања.

Уште една новина е дека тие ќе можат да носат кармин и лак за нокти, додава „Хил”.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести