Битола, 18 ноември- Педесет и четиригодишна жена е тешко повредена откако возилото во кое таа била сопатник удрило во земјена пречка на на патот Прилеп – Битола.
Сопатничката С.Д. била пренесена во Градската општа болница Прилеп за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.