21.8 C
Skopje
Sunday, August 1, 2021

Жена и дете изгореа во пожар во бегалски камп на Лезбос

Најчитани вести

Најмалку две лица загинаа во пожар во бегалски камп на грчкиот остров Лезбос, предизвикувајќи немири меѓу мигрантите. Жена и дете загинаа во пожар во преполниот камп Мориа на островот Лезбос, јави атинската новинска агенција, повикувајќи се на полициски извори. Телото на жената е транспортирано во општата болница на островот, додека телото на детето-мигрант било предадено на властите.

Сепак, бројот на загинатите не е познат. Еден сведок рече дека три лица загинале во пожарот, кој се проширил на шест или седум засолништа.

,,Пронајдовме јагленисани тела на две деца и тело на женска личност. Ние ги завиткавме децата во ќебиња и ги предадовме на противпожарната служба”, рече 15-годишниот авганистански мигрант Федуз.

Дописник на АФП видел две тела, околу кои биле собрани нивните најблиски.

Пожарот во кампот бил изгаснат со авион. Но, мигрантите се собрале како резултат на револт на бавната реакција на надлежните, по што полицијата употребила солзавец за да ги разбие.

Во соопштението се вели дека немирите се случиле откако избувнале два одвоени пожари, едниот внатре, а другиот надвор од „Кампот Мориа“, во период од 20-тина минути.

Во кампот Мориа се сместени околу 13.000 луѓе, но има сместувачки капацитет само за 3.000. Во Грција има околу 70.000 главно сириски бегалци и мигранти кои ги напуштија своите земји и мигрираа од соседна Турција.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести