4.8 C
Skopje
Thursday, January 20, 2022

желудникот: Вака телото испраќа знаци дека во организмот се развива опасен тумор!

Најчитани вести

Карциномот е сè позачестена болест што погодува сè поголем број луѓе. За среќа, болеста може да се забави, но и да се излечи во голем број случаи, доколку се открие навреме. Многу е важно да го слушате своето тело и да ги следите сигналите што ги испраќа. Една од најчестите форми на канцер е токму ракот на желудник.

Истражувањата покажуваат дека од овој облик на карцином најчесто заболуваат мажи постари од 55 години и луѓе што подолго време се пушачи, кои не внесувале доволно влакна преку исхраната или јаделе премногу зачинета храна. Црвеното месо во преголеми количини исто така може да биде причина за рак на желудник.

Пред да напредне болеста, се јавуваат симптоми што можат да навестат дека нешто не е во ред, а тоа се:

  • Проблеми со дигестијата
  • Лошо варење
  • Подуеност и гасови што траат со денови
  • Недостиг од чувство на ситост по обилен оброк
  • Мачнина и повраќање
  • Болки во стомакот

Ова се најраните симптоми што не треба да се занемаруваат. Како што болеста напредува, се јавува и крв во столицата, лош апетит, губење килограми, замор, анемија, жолтица на кожата или во очите.

Докторите нагласуваат дека ракот на желудник е излечив ако се открие на време, па затоа добро слушајте го своето тело и редовно одете на прегледи.

Храна што го разорува желудникот: Никако немојте да ги јадете овие намирници пред спиење!

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com