21.8 C
Skopje
Wednesday, May 25, 2022

Железничкиот сообраќај во прекин, машиновозачите бараат плата

Најчитани вести

Машиновозачите излегоа од возовите и немаат намера да се вратат на своите работни места сè додека не ја добијат втората половина од декемвриската плата. Персоналот на „Македонски железници – Инфраструктура“ е во бојкот, а во прекин е целокупниот патнички и товарен сообраќај.

Според информациите од државната компанија, товарниот сообраќај прво бил намален за 90 проценти уште во саботата, а утринава од 7 часот е во целосен прекин патничкиот сообраќај. Машиновозачите се децидни – бојкотот ќе трае сè додека не им биде исплатен долгот. Поради вакви проблеми со нередовна исплата на платите персоналот на железница протестираше и во текот на летните месеци, кога исто не им беше исплатена половина од платата за јуни.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com