4.8 C
Skopje
Thursday, October 28, 2021

Ждрепката за пласман на ЕУРО 2024 е закажана на 9.октомври 2022 година

Најчитани вести

Ждрепката која ќе ги одреди квалификациските групи за пласман на Европското првенство во 2024 година, ќе се одржи на 9.октомври 2022 година во Франкфурт.

Квалификациите ќе се играат од март до ноември 2023 година. УЕФА се уште не го потврдила форматот по кој ќе се играат квалификациите, но се претпоставува дека нема да го менува актуелниот систем.

54 репрезентации ќе бидат поделени во 10 групи, Германија како домаќин избори директен пласман на турнирот. По две најдобри селекции од секоја група ќе обезбедат пласман на ЕУРО 2024. Последните три учесници ќе бидат победниците на дивизиите Б, Ц и Д во Лигата на нации.

Комплетната листа на учесници ќе биде позната во март 2024 година.

Наредниот турнир во Лигата на нации ќе биде одигран во јуни и септември наредната година. Групите ќе бидат извлечени на 16.декември 2021 година.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com