-0.2 C
Skopje
Tuesday, October 26, 2021

Ждреб за ЛШ: Меси не може против Барселона, Милан е „нагазната мина“ од последниот шешир

Најчитани вести

Со синоќешните последни три квалификациски средби познати се сите учесници во групната фаза од Лигата на Шампионите, за која ждрепката ќе биде извршена денеска со почеток во 18 часот.

Она што веднаш паѓа во очи е дека вториот шешир во кој се наоѓаат Реал, Барса, ПСЖ, Ливерпул, Јуве… е поквалитетен од оној првиот, каде се наоѓаат европскиот првак Челси, потоа гиганти како Баерн Минхен и Манчестер Сити, но тука се и тимови како Лил, Спортинг Лисабон и Вилјареал, кој стигна до билет за ЛШ како освојувач на Лигата на Европа минатата сезона.

ПСЖ и Барселона се наоѓаат во ист шешир, што значи дека Лео Меси нема да може веднаш да се сретне со својот поранешен клуб. „Нагазна мина“ од последниот шешир е повеќекратниот европски првак Милан, кој поради долгиот пост без ЛШ загуби многу бодови на листата на УЕФА и сега е еден од најслабо рангираните тимови од овие 32 кои ќе бидат дел од Лигата на Шампионите.

Новата сезона ќе стартува на 14 септември, а групната фаза ќе заврши на 8 декември. Големото финале е закажано за 28 мај во Санкт Петербург.

ШЕШИР 1: Челси, Вилјареал, Атлетико Мадрид, Манчестер Сити, Баерн Минхен, Интер, Лил, Спортинг Лисабон.

ШЕШИР 2: Реал Мадрид, Барселона, Јувентус, Манчестер Ј. ПСЖ, Ливерпул, Севилја, Борусија Д.

ШЕШИР 3: Порто, Ајакс, Шахтјор, Лајпциг, Салцбург, Бенфика, Аталанта, Зенит.

ШЕШИР 4: Бешикташ, Динамо Киев, Бриж, Јанг Бојс, Милан, Малме, Волфсбург, Шериф.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com