5.8 C
Skopje
Wednesday, October 5, 2022

ЕУ ЌЕ ЈА ПОНИЖИ БУГАРИЈА СО ЗЕЛЕНОТО СВЕТЛО ЗА МАКЕДОНИЈА Борисов се плаши од силниот европски притисок

Најчитани вести

ЕУ ќе ја понижи Бугарија со цел Северна Македонија да добие зелено светло за почеток на преговорите и сето тоа е поради неуспешната надворешна политика на Румен Радев, смета поранешниот бугарски премиер и лидер на партијата ГЕРБ, Бојко Борисов, а изјавата е дадена во екот на кампањата која се води во земјата во пресрет на претседателските избори.

Борисов го цитира францускиот претседател Емануел Макрон, дека до декември Македонија треба да почне преговори, што, според него, значи оти ЕУ ќе ја принуди Бугарија да направи отстапки и, како што вели, сето тоа е поради претседателот на земјата Румен Радев.

Тој изрази жалење што работите отишле во оваа насока и нагласи дека постоела можност тие двајцата, како искусни лидери подобро да се справат со кризата.

Лозан Панов е кандидат на ГЕРБ на претседателските избори во Бугарија, кои ќе се одржат во недела.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com