28.8 C
Skopje
Thursday, August 5, 2021

ЕУ ја зацрта шемата за сертификација на сајбер безбедноста за 5G

Најчитани вести

Шемата за сертификација на сајбер безбедноста за 5G мрежите низ ЕУ ќе биде воведена ширум европскиот блок, во обид да се поправат техничките ранливости на мобилните комуникации од следната генерација, соопшти Европската комисија.

Овој потег доаѓа како дел од законот за сајбер безбедност на ЕУ усвоен во 2019 година, што се обидува да ги охрабрииграчите на пазарот да ја зајакнат безбедноста на нивните поврзани уреди, со цел да се постигне ЕУ-сертификација. Сајбер агенцијата на блокот, ENISA доби задача да ги исполни стандардите потребни да се квалификува за сертификатот.

Сајбер безбедноста на 5G мрежите веќе долго време е во мислите на политичарите на терен, бидејќи ЕУ се обидува да воспостави заеднички пристап во врска со безбедноста на мрежите од следната генерација, поради различната загриженост околу операторите од трети земји.

Во јануари минатата година, Комисијата го претстави својот 5G Toolbox, во кој земјите од ЕУ имаа задача да го проценат профилот на ризик кај телекомуникациските провајдери, со цел да се применат ограничувања за оние оператори, за кои се смета дека се високоризични.

Извештајот за напредокот на плановите во јули минатата година, ги притисна земјите-членки да постигнат „итен напредок“ во ублажувањето на ризиците за 5G телекомуникациските мрежи, предизвикани од одредени високоризични снабдувачи.

Објавата за воспоставување на шемата за сертификација на сајбер безбедноста за 5G, доаѓа во момент кога ЕУ се обидува да ги приближи земјите-членки во однос на прашањето на телекомуникациската безбедност.

Во јануари, Европскиот суд за ревизори објави дека земјите на ЕУ „напредуваат со различно темпо“ во однос на 5G безбедносните протоколи, воведени од Европската комисија како дел од минатогодишниот пакет на алатки.

„Земјите-членки развија и почнаа со спроведување на неопходните безбедносни мерки за ублажување на ризиците“, истакна Паоло Пеше од Европскиот суд за ревизори, говорејќи за време на покренувањето на едногодишната истрага за безбедносните стандарди на теренот.

„Но, според досега собраните информации, се чини дека земјите-членки напредуваат со различно темпо додека ја спроведуваме оваа мерка“.

Во меѓувреме, шефот на Комисијата за внатрешен пазар, Тиери Бретон во соопштение истакна дека новата рамка за сертификација може да ги приближи земјите на ЕУ во поглед на 5G безбедноста.

„Безбедноста е основата на ширењето на 5G технологијата. Сертификацијата ширум ЕУ, во комбинација со другите видови мерки во 5G Toolbox на ЕУ, ги поддржува нашите напори да ја оптимизираме 5G безбедноста и да ги закрпиме техничките ранливости“, рече тој.

„Поради тоа, важно е земјите-членки да постигнат понатамошен напредок во спроведувањето на пакетот алатки“.

Од своја страна, кинескиот производител Huawei, кој претходно беше причина за загриженост во некои држави-членки, вклучувајќи ја неодамна и Шведска, ги поздрави овие информации.

„Европската шема за сертифицирање на сајбер безбедноста е столб за безбедни 5G операции во Европа“, изјави портпаролот на компанијата за Euractiv. „Веруваме дека оваа објава е позитивен чекор, бидејќи 5G во Европа е од пресудно значење за продолжување на еластичното дигитално општество“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести