10.6 C
Skopje
Saturday, October 16, 2021

ЕУ ја додаде Македонија на “црна листа” за некооперативно судство

Најчитани вести

Во својот најнов документ на полето на владеење на правото, транспарентноста и даноци ЕУ ја смести Македонија, заедно со Катар, Уругвај, Хонг Конг, Малезија и Коста Рика на црната листа на земји со некооперативно правосудството во делот на даночните политики јавува Блумберг.

Два пати годишно Советот на ЕУ ја обновува оваа листа на земји кои не се членки на ЕУ, а главните критериуми се нивото на даночната транспарентност, даночното затајување и сомнителните трансфери на профит.

-Советот на Европската унија на 5 октомври ја ажурираше листата на ЕУ на некооперативни јурисдикции.
Промените вклучуваат поместување на Ангола, Доминикана и Сејшели на сивата листа од црната листа и
давање на овие јурисдикции дополнителен преглед од Глобалниот форум. Потоа отстранување на Австралија, Есватини и Малдиви од сивата листа бидејќи ги спроведоа сите неопходни реформи за да се усогласат со критериумите на ЕУ. И на крајот додавање на Костарика, Хонг Конг, Малезија, Северна Македонија, Катар и Уругвај на црната листа”, одлучил Советот на Европската унија, јавува Блумберг.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com