Европската унија најверојатно утре ќе усвои нова рунда санкции кон Русија, по извештаите за убиства на цивили во северна Украина од страна на руските сили, изјави францускиот министер за европски прашања Клемент Бон.
„Новите санкции најверојатно ќе бидат усвоени утре“, изјави тој за радиото РФИ, додавајќи дека Унијата треба брзо да дејствува и за увозот на гас и јаглен од Русија.
Русија ги отфрли сите наводи за убиства на цивили, вклучувајќи го и Буча.
Нејзиниот пратеник во Обединетите нации, Василиј Небензја, вели дека Русија денеска ќе презентира „емпириски докази“ пред Советот за безбедност на Обединетите нации, што ќе покаже дека нејзините сили не биле вклучени во злосторствата.