Home » ЕУ со помош од 17 милијарди евра за бегалците од Украина

ЕУ со помош од 17 милијарди евра за бегалците од Украина

by Журнал.мк

EУ донесе одлука да пренасочи дека од своите кохезивни фондови за помош на бегалците од Украина, јави дописничката на МИА од Брисел.

Законските измени се усвоени денеска во Советот на ЕУ и ќе овозможат пренасочување на дел од кохезивните фондови на ЕУ и од средствата од Европската помош за најранливите кон лицата кои бегаат од војната во Украина.

ЕУ порача дека оваа “брза измена на законодавството“ е доказ за “постојната солидарност на ЕУ со бегалците од Украина“ како и со земјите кои ги примаат овие бегалци, пред сѐ земјите соседи на Украина.

Средствата треба да се искористат за здравство, сместување и образование.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk