9 C
Skopje
Tuesday, April 20, 2021

ЕУ поделена околу сертификатот за вакцинација

Најчитани вести

Европските лидери утре ќе одржат состанок на кој ќе се договорат за сертификат за граѓаните на Европската унија кои биле вакцинирани против Ковид-19, но извесно е дека членките на ЕУ не се согласуваат по ова прашање.

Сега кога вакцинацијата се зголеми низ цела Европа, некои европски влади, како што се Грција и Шпанија, бараат брзо усвојување на ЕУ-сертификат за оние кои веќе се вакцинирале, за да можат слободно да патуваат, јави Гардијан.

Сепак, како што се наведува, некои земји, како Франција и Германија, не се за таа идеја, бидејќи одлуката за сертификатот ќе ја направи вакцинацијата задолжителна и би значела дискриминација на луѓе на кои од одредени причини не им е дозволено или не сакаат се вакцинираат.

Франција, каде има силно движење против вакцинација, вети дека нема да ги принудува своите граѓани да се вакцинираат и смета дека идејата за пасоши за вакцинација е прерана.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести