9 C
Skopje
Sunday, March 7, 2021

ЕУ повторно повикува на политички дијалог во Либија

Најчитани вести

Европската служба за надворешни работи утрово повторно ги повика сите страни инволвирани во либискиот конфликт да им стават крај на воените акции и да го возобноват политичкиот дијалог.

-Не постои воено решение за кризата во Либија, единственото решение е политичко, преговори врз основа на неодамнешните предлози на Обединетите Нации. Сите членови на меѓународната заедница треба да го почитуваат ембаргото на ОН вез оружјето, изјави портпаролот на Европската надворешна служба, Петер Стано.

Либија е поделена на повеќе воени и политички табори. Таборот на Калифа Хафтар има поддршка од Египет, Емиратите и Русија. Силите на Хафтар речиси една година се обидуваат да заземат контрола врз главниот град Триполи.

Силите на Фајез Ел Сераж ја имаат поддршката на Турција. САД и ЕУ сметаат дека воените дејствија не можат да донесат решение во оваа земја и бараат политички дијалог помеѓу сите страни како и почитување на ембаргото на ОН. Вашингтон и Брисел го поддржуваат претставникот на ОН, Хасан Саламе, „како единствен пат кон возобновување на политичкиот процес во Либија“.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести