21.8 C
Skopje
Monday, August 2, 2021

ЕУ планира нови санкции кон Русија, Москва најавува соодветен одговор

Најчитани вести

Министрите за надворешни работи на Европска Унија ќе дебатираат за нови рестриктивни мерки кон Русија, откако беше изречена нова пресуда за рускиот опозиционер Алексеј Навални.

Неименувани дипломати најавија дека најверојатно ќе биде постигнат договор за санкции кон Русија, поради што во следните недели ќе се работи на правната рамка и целта на рестриктивните мерки. Новите мерки најверојатно ќе опфатат замрзнување на средствата или забрана за патување.

Рускиот амбасадор во ЕУ, Владимир Чижов предупреди дека Москва е подготвена да одговори на новите санкции од ЕУ. Додека шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров минатата недела изјави дека Москва е подготвена дури и да ги прекине односите со ЕУ.

Судот во Москва на 20 февруари наложи Навални да плати парична казна од 850.000 рубљи (околу 9.500 евра) поради клевета на ветеран од Втората светска војна. Навални е осуден бидејќи 94-годишен ветеран и други лица кои минатата година се појавија во провладин спот ги нарече „корумпирани марионети“, „луѓе без совест“ и „предавници“.

Навални ги отфрли обвиненијата за клевета и ги опиша како дел од напорите на власта да го понишат.

Московскиот суд претходно ја одби жалбата на Навални за пресудата, според кој е казнет на две години и осум месеци затвор.

Рускиот суд на 2 февруари го осуди Навални дека ја прекршил условната казна изречена во декември 2014 година и побара казната да биде преиначена во затворска оти навреме не се јавил пред надлежниот орган. Навални беше уапсен по врааќањето од Германија, каде се лекуваше по труењето со нервниот гас Новичок.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести